Пајажина од харизматично предавство

Article published in “Macedonian Social” -FA 2019
March 4, 2020
Show all

Пајажина од харизматично предавство

Оваа особа е прекрасна, има харизма, дури и духовита. Има некој површен шарм кој може да го видите, али не може да го опишете што точно e тоа кое напротив секоја ваша рационална мисла, сепак Ве привлекува. Сакате се повеќе и повеќе да поминете време со оваа особа. И колку повеќе време поминувате заедно, толку повеќе почнувате да приметувате ситуации кои ве оставаат без здив. Ги слушате нивните приказни од детство кои ги опишуваат со воодушевување кога раскажуваат за нивната желба како сакале да пораснат и да бидат сериски убиец. Приказната ве шокира за момент со мислите ‘која нормална особа би го посакала тоа како дете?’, меѓутоа пред вас е оваа особа со магнетско привлекување и она чувство на вознемиреност дека нешто не е во ред со нив исчезнува (го рационализирате со тоа дека ете не станале сериски убиец). Нивната приказна дека се во невоља и имаат проблем за кој им треба вашата помош ве допира до срце и се одлучувате да помогнете. Зошто пак да не кога можете, нели? Со тек на време оној почетниот проблем е завршен, но се појавува друг, и друг потоа, и друг потоа. Како оваа особа да има само проблеми во својот живот. Но вас совеста ве јаде да не помогнете. Не би било човечко. Во ситуации каде последиците би исплашиле секого, приметувате дека оваа особа нема осет за страв или срам. Приметувате дека банални работи како јадење на производи во продавницата и криење на празното пакување без да наплатат, е само површина од криминалните работи за кои оваа особа е способна да ги изврши. Почнувате да ги фаќате нивните ситни лаги кои не би ги ни сметале за потребни, но не можете да сватите зошто некој би лажел за тоа. Во тие моменти оваа особа ве заслепува со некој гест кој ви ги оттрга сите негативни мисли за нив. И еден ден се наоѓате во ситуација каде приметувате дека оваа шармантна особа која досега сметавте дека е во невоља и дека и треба помош, наоѓа шала и забава во возење на нивната кола премачкајте пешаци само за да ги преплаши. Без грам емпатичност во себе и почит за она што секој би го сметал за човечко и свето, вие доаѓате до заклучок дека ‘нешто’ не е во ред со оваа особа, или во најмала рака дека оваа особа е ненормална. 
   Антисоцијално нарушување на личноста -АSPD (различно од асоцијално) е хронична ментална состојба во која личноста има животни навики на манипулирање, искористување, или прекршување на правата на други личности без да осети некаква вина или грижа на совест. Личностите со ова нарушување можат да бидат духовити, шармантни и забавни да се биде околу нив, фунцкионираат нормално помеѓу социјалните кругови, имаат другари, држат некое работно место, но исто така лажат и искористуваат луѓе. Чувството за дискомфорт не е присутно кај нив, не постои, али често приредуваат дискомфорт на другите околу нив. 
   Личностите со ASPD, спаѓаат во неколку категории познати во јавноста како: психопати и социопати. Иако карактеристиките меѓу нив се слични, овие нарушувања во суштина сепак се различни. На пример, психопатите се родени, доколку социопатите се израснати. Не секој нарцист е психопат, но секој психопат е нарцисоиден. Нарцистите осеќаат чувство на вина и срам и сакаат да бидат видени во јавноста во перфекционо светло, додека психопатите и социопатите немаат совест, нити пак осеќаат чувства на вина или срам. 
   Овие особи ги имате сретнато во животот и ќе ги сретнете. Често нив ги опишуваме со зборовите “луд/луда или ненормален/ненормална”. Тие имаат начин да ве заведат со нивната духовитост и шарм, и нема ни да можете да предвидите дека ќе бидете искористени. Со нив во вашиот живот, бие ќе бидете претворени во жртва, без разлика емотивно или физички, вашата самодоверба ќе биде уништена, и ништо што вие ќе направите или постигнете во животот нема да биде ценето. Најдобар начин да се заштитите од ваков тип на личност, е да обрнете внимание на следните карактеристики: – Овие особи не знаат за сочувство. Чувството за емпатија не постои кај нив. Може да се потрудите да ги тренираше и научите, меѓутоа тоа нема да трае и ќе биде само привремено;- Себични се екстремно и мислат само за себе и своја корист;- Безбедноста на други луѓе не им значи ништо;- Претежно размислуваат за превари и како да искористат некого, било тоа од банални ситни прекршоци до тешки криминали;- Реагираат импулсивно;- Лажат скоро за се и сешто, најчесто за ситни работи кои не се ни значајни;- Чувството за каење не постои и нема да го приметите дури и откако повредат некого;- Овие личности не мора да имаат извршено убиство, но бидете сигурни дека се склони кон тоа. 
   За некоја особа да биде дијагностицирана со ASPD, потребно е овие симптоми да бидат присутни пред нивната 15 година од живот. Иако симптомите може да ги приметите и во детски години, дијагностицирањето со ова нарушување не е дозволено до 18-та година. Кај децата ова нарушување најчесто се приметува преку симптоми како честото бегање од училиште, желбата за предизвикување на болка – било тоа врз миленичиња или луѓе, константното лажење, често учество во физички тепачки и некогаш извршување на криминални дејства, помеѓу другото. Овие симптоми кај децата се најдрастично изразени помеѓу тинејџерските и 20те години. Научните истражувања докажале дека ова нарушување е 6 пати повеќе присутно помеѓу машката популација него женската. 80% од личностите со ова нарушување би имале развиено и прикажано повеќе од нивните симптоми до 11 годишна возраст. Личностите со ASPD не веруваат во психотерапија.  
   Доколку вие или некого кого познавате е физички злоупотребуван, без разлика на вашиот/нивниот статус, или е во врска со некого кого овие симптоми би го опишале, немојте да се чувствувате виновно и сватетњ дека секоја болка има крај. Слободно стапнете во контакт со Марија Ризоска преку contact@innsaeichicago.com или директно на 312.799.0406.
  99% од луѓето кои биле во контакт со психопат, или во некаква врска, покрај сите знаци што им биле пред око не можеле да предвидат дека ќе бидат искористени и злоупотребувани. Запомнете дека психопат ќе ве повреди и вие нема ни да можете да го предвидите тоа. Затоа што мозокот на здрава особа не функционира на тој начин. 

xx,

M

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *